Моите спомени
Автор:
Георги Баждаров
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2017
Оригинален наслов:
Моите спомени |
Бр. на страни:
251 |
Димензии:
210x140
|
Корица:
мека
Георги Баждаров (1881 – 1929) бил новинар, учител, истакнат македонски револуционер, задграничен претставник на ВМРО и теоретичар на македонската револуционерна борба. Автор е на повеќе книги за македонското револуционерно движење од илинденскиот и постилинденскиот период, а како најзначајна се издвојува книгата со неговите сеќавања, размислувања и расудувања насловена „Моите спомени“. Во неа Баждаров изнесува низа податоци за образованието, ученичките бунтови во Солунската гимназија, за првите македонски револуционерни кружоци, за основањето на Македонската револуционерна организација, како и животот како член на четите на Јане Сандански, Илија Крчовалијата и други. Баждаров пишува за организациската работа пред Илинденското востание, за препреките со кои се соочувале македонските револуционери, изнесува и низа биографски податоци за нивните животни врвици – Гоце Делчев, Михаил Попето, Атанас Тешовалијата итн., а пишува и за Тодор Александров, Димитар Влахов, Иван Михајлов, Арсени Јовков, Петар Чаулев, Јане Сандански, Александар Протогеров, Димо Хаџи Димов и др.
Questions and Answers
You are not logged in