Моите спомени

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2017
Original title: Моите спомени | Num. of pages: 251 | Dimensions: 210x140 | Cover: мека

Георги Баждаров (1881 – 1929) бил новинар, учител, истакнат македонски револуционер, задграничен претставник на ВМРО и теоретичар на македонската револуционерна борба. Автор е на повеќе книги за македонското револуционерно движење од илинденскиот и постилинденскиот период, а како најзначајна се издвојува книгата со неговите сеќавања, размислувања и расудувања насловена „Моите спомени“.       Во неа Баждаров изнесува низа податоци за образованието, ученичките бунтови во Солунската гимназија, за првите македонски револуционерни кружоци, за основањето на Македонската револуционерна организација, како и животот како член на четите на Јане Сандански, Илија Крчовалијата и други. Баждаров пишува за организациската работа пред Илинденското востание, за препреките со кои се соочувале македонските револуционери, изнесува и низа биографски податоци за нивните животни врвици – Гоце Делчев, Михаил Попето, Атанас Тешовалијата итн., а пишува и за Тодор Александров, Димитар Влахов, Иван Михајлов, Арсени Јовков, Петар Чаулев, Јане Сандански, Александар Протогеров, Димо Хаџи Димов и др.

Price: 300 ден

5 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Моите спомени

Category:
SKU: 978-608-252-050-6

Questions and Answers

You are not logged in