Времето на Перонов

Издавач: КУЛТУРА | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 338 | Димензии: 20 | Корица: мека

„Времето на Перонов“ е веројатно најмрачниот и најмачен дел од трилогијата на авторката Санта Аргирова.

По негативните ликови во „Портретот од Дрезден“ и во „Добро утро Јаков“ ликот на Перонов е кулминација на злото кое човек на човека може да му го направи. И тоа, за жал, се случува во 21 век, потсетувајќи нè на Дантеовата „Божествена комедија“, таа своевидна поетска алегорија што ги исмева средновековните центри на моќ. Ниту по изминати седум векови, сè уште не исчезнаа темните нијанси на моќта. Напротив. Тие секогаш имаат свое време.

Перонов е демонски актер на нашето време – врвен манипулатор кој од позиција на министер за внатрешни работи ја одредува судбината на луѓето престорувајќи ги или во свои жртви или во соучесници на злото. Невиноста на Рената за Перонов е уште една привилегија на неговиот импулс за насилство и тој ужива во нејзината покорност и болка додека таа се бори да го спаси својот татко, длабоко заглавен во живиот песок на подаништвото.

Ова е лекција која силно удира врз чувствата на читателот. Лекција за тоа дека старите навики тешко одумираат, но и за тоа колку е висока и погубна цената на недвосмислената лојалност. Уште повеќе, парадигма за тоа како може злото да стане не само норма, туку и доблест.

Цена: 350 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Култура

Report an abuse for product Времето на Перонов

Категорија:
ИСБН: 978-9989-32-950-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Времето на Перонов”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in