Времето на Перонов
„Времето на Перонов“ е веројатно најмрачниот и најмачен дел од трилогијата на авторката Санта Аргирова.
По негативните ликови во „Портретот од Дрезден“ и во „Добро утро Јаков“ ликот на Перонов е кулминација на злото кое човек на човека може да му го направи. И тоа, за жал, се случува во 21 век, потсетувајќи нè на Дантеовата „Божествена комедија“, таа своевидна поетска алегорија што ги исмева средновековните центри на моќ. Ниту по изминати седум векови, сè уште не исчезнаа темните нијанси на моќта. Напротив. Тие секогаш имаат свое време.
Перонов е демонски актер на нашето време – врвен манипулатор кој од позиција на министер за внатрешни работи ја одредува судбината на луѓето престорувајќи ги или во свои жртви или во соучесници на злото. Невиноста на Рената за Перонов е уште една привилегија на неговиот импулс за насилство и тој ужива во нејзината покорност и болка додека таа се бори да го спаси својот татко, длабоко заглавен во живиот песок на подаништвото.
Ова е лекција која силно удира врз чувствата на читателот. Лекција за тоа дека старите навики тешко одумираат, но и за тоа колку е висока и погубна цената на недвосмислената лојалност. Уште повеќе, парадигма за тоа како може злото да стане не само норма, туку и доблест.
Reviews
There are no reviews yet.