Аполон, водач на македонскиот Бунт
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
114 |
Димензии:
17x24
|
Корица:
тврда
Монографскиот труд „Аполон, водач на македонскиот Бунт“ претставува исклучително важен придонес кон расветлувањето на еден дел од македонското историско минато, во кој централно место заземаат животот и делото на македонскиот патриот Трајко Попов (1910–1946), еден од основачите и водач на илегалното Македонско национално движење – „Бунт“. Вредноста на овој труд дополнително ја зголемуваат приложените фотографии и факсимили на документи што претставуваат обвинителни акти, пресуди, затворски досиеја, односно подоцнежни наредби за отпуштање од затвор на лицата со кои Трајко Попов ги делел идеалите за обединета и слободна Македонија. За најдобро да се доловат животот и делото на Трајко Попов, ќе се послужиме со неговите зборови изречени на 25 мај 1945 година: „Со започнување на партизанските борби и со паролата ’за федеративна Југославија‘ за нас беше необјаснива и си поставихме прашањето дали во таја Југославија влагаат Пиринска и Егејска Македонија или само Вардарска. Со тоа ако во неја влага и Грчка Македонија со Пиринска за нас нема друго да постои освен федеративна Југославија. Ако пак остане само Вардарска, тоа би била непотполна јединица – како мува без глава.“
Questions and Answers
You are not logged in