Виножито зад душата
Автор:
Милан Јазбец
Издавач:
Магор |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Виножито зад душата |
Бр. на страни:
200 |
Димензии:
20 см
|
Корица:
/
„Зборовите се како чуда, само со нив мора да бидеш внимателен, умешен и нежен.“ Милан Јазбец Писателот Милан Јазбец, кој е наедно актуелен амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија, со префинет, лирски стил во изразувањето, вешто ги плете боите на виножитото во душата на главниот лик на оваа приказна – стариот и искусен словенечки дипломат, кој е наедно и познат писател, номиниран за Нобелова награда за книжевност. Или, како што ќе рече академик Луан Старова во предговорот на македонското издание на овој роман: „Тој ја сака и ја брани својата татковина далеку од неа, со сета своја интелектуална храброст и моќ, со сета емотивност и култура, со максимален напор да се разбере и сака другиот... Во целиот свој дотогашен живот, главниот лик сите свои искуства и кризи успешно ќе ги надминува со својот постојан modus vivendi - пишувањето и станува и автор на бестселер и добитник на Нобеловата награда...“ „Виножито зад душата“ е роман што не се пропушта. Роман кој дури ќе посакате да го прочитате по втор пат.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.