Срцето е тупаница

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Hjertet er en knyttneve | Бр. на страни: 240 | Димензии: 21 | Корица: /

Еден ден учениците добиваат необична задача – секој од нив да подготви проект за еден орган на телото применувајќи ги знаењата од повеќе школски предмети. Одеднаш, сите се будат од апатијата. Пишуваат имејлови до градската болница, ги проучуваат симптомите на болестите, преслушуваат музика, прелистуваат книги... Во потрага по информации, Алине, новото девојче во одделението кое не разговара со никого, сè почесто се среќава со Оливер во болницата, каде што на кардиологија лежи татко му, со синдром на скршено срце по разводот. Алине го избира токму срцето – големо колку тупаница, но толку моќно што ја движи целата наша машинерија.

Оливер, пак, го избира окото, камерата на нашето тело, органот кој го снима филмот на нашите животи. И признавајќи си дека се вљубил во Алине, сфаќа колку голема вистина има во она што го кажува Малиот принц, во нејзината омилена книга: „Човек може вистински да гледа само со срцето. Најважното е невидливо за окото“. Роман за првата љубов, детски чиста и малку срамежлива, и за храброста што таа ја дава за победа над стравот од другите, за надминување на мачните семејни ситуации и осаменоста на младиот човек во овој отуѓен свет.

Цена: 300 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Срцето е тупаница

Категорија:
ИСБН: 978-608-230-6834

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Срцето е тупаница”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in