Како да искористам промотивен купон на kupikniga.mk ?
Почитувани корисници и љубители на пишаниот збор,
Доколку сте добиле промотивн купон кој сакате да го искористите тоа може да го направите со комплетирање на следната процедура која се состои од неколку едноставни чекори и тоа:
Чекор 1:
Откако сте ги избрале книгите/производите кои сакате да ги нарачате преку kupikniga.mk, пристапете до делот „Кошничка“, кој се наоѓа во горниот десен агол и од понудените изберете ја опцијата „ПРЕГЛЕД НА КОШНИЧКА“.
Чекор 2:
Во кошничката ви се прикажува листа со производите што ги имате ставено за купување. Дополнително на оваа страна веднаш под листата со производите има поле каде што можете да го внесете кодот на промотивниот купон (обележано на сликата со стрелка). Во полето внесете го кодот од промотивниот купон и притиснете на копчето „Искористи купон“.
Чекор 3:
Доколку соодветно сте го внеле кодот на промотивниот купон ќе добиете порака „Кодот на купонот е успешно внесен“ (прикажано на сликата подолу). Во спротивно проверете повторно дали правилно сте го внеле кодот од промотивниот купон.
Исто така за да бидете сигурни дека успешно сте го внеле кодот од промотивниот купон, во делот „Вкупно за наплата“, ќе биде прикажан внесениот кодот заедно со вкалкулираната промоција во Вкупната наплата.
Чекор 4:
На крајот кога ќе притиснете на копчето „Процесирај кон плаќање“ во пресметката за вашата нарачка ќе биде прикажан и кодот на промотивниот купонот, за да го искористите промотивниот код при нарачката кликнете копчето “Резервирај / Плати“.
Напомена: Доколку од одредени причини не сакате да го користите промотивниот купон за нарачката која во моментот ја процесирате, во секој момент можете да го отстраните промотивниот купон со кликнување на копчето „[Отстрани]“. За повторно користење на промотивниот купон потребно е да ја повторите процедурата од почеток.