Соништата на татко ми
Автор:
Евалд Флисар
Издавач:
Артконект |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Velika žival samote / Evald Flisar |
Бр. на страни:
240 |
Димензии:
14×20 cm
|
Корица:
/
Необичните тинејџерски денови на Адам стануваат уште понеобични кога ќе ја запознае Ева и ќе се вљуби во неа. Она што почнува како младешка љубовна приказна одеднаш се преобразува во мистерија кога Адам почнува да сонува чудни соништа, толку силни и живи што не може да ја повлече границата меѓу нив и реалноста. Растргнат меѓу сонот и јавето, Адам сè повеќе се сомнева во својот здрав разум… „Соништата на татко ми“ е хибриден роман кој постојано се трансформира – од метафизички трилер до психоаналитичка пародија, и од надреалистички кошмар до семејна сага. Преполн со симболика и алузии, ова е еден од најдобрите романи на еминентниот словенечки писател Евалд Флисар.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.