Сеќавања, соништа, мисли / Карл Густав Јунг
Автор:
Карл Густав Јунг
Издавач:
КСЦ/Полица |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Erinnerungen, träume, gedanken |
Бр. на страни:
508 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
Ова автобиографско дело на Јунг е различно од најголемиот број дела од овој жанр. Додека стандардната автобиографија пишува за постапките, делата, успесите и (поретко)m неуспесите на авторот, при што внатрешниот живот на авторот, неговиот карактер, емоциите и неговата личност ги има сосема малку или ни толку, книгата „Сеќавања, соништа, мисли“ е книга од чии страници изнурнува, се обликува, пред наши очи се укажува ликот на самиот автор. Ова е книга за самоосвестувањето и себеистражувањето, за големото внатрешно будење, книга за спиритуалното и интелектуалното себеоткривање на К. Г. Јунг! Опишувањето на неговите визии, соништа, фантазиите и насетувањата, кои и самиот тој ги држел потиснати до пред самиот крај на животот, а кои сега ги смета за своето „најголемо богатство“, се вредни патокази што Јунг внимателно ги следи на патот кон средбата со сопствената личност. Притоа, ова патување не е ексцентрично изолирано искуство на осамениот поединец, кое нема никаква вредност за другите, колку, инаку, и да е драгоцено за оној што го изодел патот до себе; не, вредноста на ова искуство не е само огромна, туку е универзална! Ова интроспективно патување има епохално значење како призма низ која се обликуваат колективната душа и архетипските матрици на секој човек и на целото човештво!
Оценки
Сѐ уште нема оценки.