Сеќавања, соништа, мисли / Карл Густав Јунг

Издавач: КСЦ/Полица | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Erinnerungen, träume, gedanken | Бр. на страни: 508 | Димензии: 20 | Корица: мека

Ова автобиографско дело на Јунг е различно од најголемиот број дела од овој жанр. Додека стандардната автобиографија пишува за постапките, делата, успесите и (поретко)m неуспесите на авторот, при што внатрешниот живот на авторот, неговиот карактер, емоциите и неговата личност ги има сосема малку или ни толку, книгата „Сеќавања, соништа, мисли“ е книга од чии страници изнурнува, се обликува, пред наши очи се укажува ликот на самиот автор. Ова е книга за самоосвестувањето и себеистражувањето, за големото внатрешно будење, книга за спиритуалното и интелектуалното себеоткривање на К. Г. Јунг! Опишувањето на неговите визии, соништа, фантазиите и насетувањата, кои и самиот тој ги држел потиснати до пред самиот крај на животот, а кои сега ги смета за своето „најголемо богатство“, се вредни патокази што Јунг внимателно ги следи на патот кон средбата со сопствената личност. Притоа, ова патување не е ексцентрично изолирано искуство на осамениот поединец, кое нема никаква вредност за другите, колку, инаку, и да е драгоцено за оној што го изодел патот до себе; не, вредноста на ова искуство не е само огромна, туку е универзална! Ова интроспективно патување има епохално значење како призма низ која се обликуваат колективната душа и архетипските матрици на секој човек и на целото човештво!

Цена: 500 ден

7 на залиха

Спореди
Продавач КСЦ/ПОЛИЦА

Report an abuse for product Сеќавања, соништа, мисли / Карл Густав Јунг

Категорија:
ИСБН: 978-608-4850-67-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Сеќавања, соништа, мисли / Карл Густав Јунг”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in