Фудбал : како се победува

Автор: Кен Бреј
Издавач: ИКОНА | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: How to score | Бр. на страни: 256 | Димензии: 21 см | Корица: мека

Фудбалот е прекрасна игра, но и многу повеќе од тоа. Ако сакате да разберете што НАВИСТИНА се случува на фудбалските терени, прочитајте ја оваа книга.

Од различни формации на тимовите до психолошка анализа на атмосферата на теренот и во соблекувалните, оваа книга ни прикажува цела една наука која стои зад оваа прекрасна игра.

Кен Бреј дава одговор на горливите прашања во фудбалот: како да изведеш совршен слободен удар? Кој е под поголем стрес: одбраната или нападот? Како со сигурност да се утврди дали топката ја минала гол линијата? Како се изборува пенал?

Кен Бреј анализира разни фудбалски теми: незаборавни натпревари одиграни во последните 50 години, начинот на игра на локалните и светските фудбалски ѕвезди, научен пристап кон фудбалот преку аеродинамика и компјутерска симулација и сето тоа прикажано преку историјата на фудбалот.

Како никогаш порано, скриените правила и законитости на оваа игра се објаснети преку најмодерни истражувања од областа на физиката, биологијата, психологијата, информатиката и физиологијата.

Секој ден зборуваме за фудбал: на стадион, на работа, пред телевизорот – Како се победува ни помага да ЗНАЕМЕ што се случува на теренот и околу него.

Цена: 549 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач ИКОНА

Report an abuse for product Фудбал : како се победува

Категории: ,
ИСБН: 978-608-221-017-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Фудбал : како се победува”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in