Ехо од бранови

Издавач: ИЛИ-ИЛИ | Јазик: Македонски | Година: 2009
Оригинален наслов: Ехо од бранови | Бр. на страни: 115 | Димензии: 20 см | Корица: /

Хаибунот е хибриден жанр, сочинет од проза и хаику-поезија. На почетокот од еден од најпознатите јапонски хаибуни Oki-no-hosomichi, хаику-мајсторот Мацуо Башо (1644-1694) потсетува дека сите феномени во природата (од сонцето и месечината до годишните времиња) се „вечни патници“, така што и писателот во традиционалниот хаибун се доживува себеси пред сè како патник. Настанат како патописен жанр, хаибунот постепено добил мошне широк жанровски опсег, кој вклучува повеќе прозни облици: дневник, автобиографија, песна во проза, краток расказ, есеј, запис... Современиот хаибун најчесто се фокусира на секојдневните искуства, како во природата, така и во урбаниот амбиент. Хаибунот неретко се споредува со уметноста на скицирањето. Овој жанр се дефинира како „наратив на епифанијата“: секојдневните настани, најчесто раскажувани во сегашно време, се прикажуваат како еден вид откровенија, како дел од едно „вечно сега“, кое се доловува пред сè преку комбинирањето на можностите на прозниот и поетскиот дискурс. Меѓу другото, оваа книга на Владимир Мартиновски го најавува интересот за овој древен жанр и во македонската современа книжевност.

Цена: 199 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Или-Или

Report an abuse for product Ехо од бранови

Категорија:
ИСБН: 978-608-4525-01-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Ехо од бранови”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in