Ехо од бранови
Author:
Владимир Мартиновски
Publisher:
ИЛИ-ИЛИ |
Language:
Македонски |
Year:
2009
Original title:
Ехо од бранови |
Num. of pages:
115 |
Dimensions:
20 см
|
Cover:
/
Хаибунот е хибриден жанр, сочинет од проза и хаику-поезија. На почетокот од еден од најпознатите јапонски хаибуни Oki-no-hosomichi, хаику-мајсторот Мацуо Башо (1644-1694) потсетува дека сите феномени во природата (од сонцето и месечината до годишните времиња) се „вечни патници“, така што и писателот во традиционалниот хаибун се доживува себеси пред сè како патник. Настанат како патописен жанр, хаибунот постепено добил мошне широк жанровски опсег, кој вклучува повеќе прозни облици: дневник, автобиографија, песна во проза, краток расказ, есеј, запис... Современиот хаибун најчесто се фокусира на секојдневните искуства, како во природата, така и во урбаниот амбиент. Хаибунот неретко се споредува со уметноста на скицирањето. Овој жанр се дефинира како „наратив на епифанијата“: секојдневните настани, најчесто раскажувани во сегашно време, се прикажуваат како еден вид откровенија, како дел од едно „вечно сега“, кое се доловува пред сè преку комбинирањето на можностите на прозниот и поетскиот дискурс. Меѓу другото, оваа книга на Владимир Мартиновски го најавува интересот за овој древен жанр и во македонската современа книжевност.
Reviews
There are no reviews yet.