Уметност на победата : мемоари од творецот на “Најк”

Автор: Фил Најт
Издавач: Просветно дело | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Shoe dog : a memoir by the creator of Nike | Бр. на страни: 394 | Димензии: 23 см | Корица: /

МЛАД, ПОСТОЈАНО ЉУБОПИТЕН, само што дипломирал на факултет за бизнис, Фил Најт позајмил педесет долари од татко си и основал компанија, со една единствена мисија: увоз на квалитетни и евтини патики од Јапонија. Таа прва (1964) година, Најт продавал патики од багажникот на својот плимут валијант и заработил вкупно осум илјади долари. Денес, вредноста на продажбата што ја остварува „Најк“ на годишно ниво е над 30 милијарди долари. Во денешнава доба на мали фирми со нови идеи и поттици, Најтовиот „Најк“ претставува златен стандард, а неговиот заштитен знак, „крилото“, е повеќе од само обично лого; симбол на смелост и на величина, „крилото на Најк“ е една од малкуте икони кои веднаш се препознаваат насекаде во светот. Но Најт, човекот кој стои зад тоа „крило“, отсекогаш бил мистерија. Сега, конечно, самиот ја раскажува својата приказна, во мемоари кои истовремено се изненадувачки, скромни, непосредни, полни хумор, и прекрасно напишани.

Целата приказна почнува со класичен момент кога се стои на крстопат и се размислува по кој пат да се тргне. На дваесет и четири години, додека со ранецот на грб патува низ Азија, Европа и низ Африка, а истовремено се труди да најде одговор на големите животни прашања, Најт заклучува дека негов единствен животен пат ќе биде оној неконвенционалниот. Наместо да работи за некоја голема корпорација, ќе си создаде нешто свое; нешто ново, динамично, поинакво.

Најт детално ги опишува застрашувачките ризици на кои наидувал на овој пат, огромните пречки, немилосрдните конкуренти, безбројните луѓе кои се сомневале и кои го мразеле, непријателски настроените банкари – но, ги опишува и своите бројни восхитувачки триумфи и избегнувања опасности „за влакно“. Над сè, си спомнува за оние основни врски кои ги создале срцето и душата на „Најк“: со неговиот поранешен тренер по атлетика, темпераментниот и харизматичен Бил Бауерман, како и со неговите први вработени, разновидна група млади луѓе со големи познавања, невклопени во своите средини, кои набргу станале сложна група тотални занесеници по „Крилото“.

Заедно, со помош на силно поттикнувачката моќ на една смела визија, со помош на едно заедничко верување во спасителната, преобразувачка моќ што ја има спортот, овие луѓе создале бренд, создале една култура која променила сè.

Еден од највлијателните големи бизнисмени, ФИЛ НАЈТ, е основач на „Најк, Инк.“. Генерален директор на таа компанија бил од 1964 до 2004 година, а претседател на нејзиниот управен одбор, до 2016 година. Живее во Орегон со сопругата Пени.

„Уметност на победата е одлична американска приказна која зборува за среќната околност, за цврстината на карактерот, за снаодливоста и за волшебната алхемија што ја изведуваат неколкумина ексцентрични луѓе кои се здружуваат за да го изградат Најк. Просто е чудо што сето ова воопшто и се случило бидејќи од книгава дознав дека иако како нација поддржуваме лична иницијативност во деловното работење, одлични сме и кога треба некому да му го попречуваме патот. Фил Најт пласира драгоцени лекции за претприемаштвото и за пречките со кои се соочува секој кој се обидува да создаде нешто. Не можам сега да ги спомнувам сите страници во книгава што посебно ги обележав за повторно да им се навратам подоцна; ги има премногу.“
ЕЈБРАХАМ ВЕРГЕЗЕ, автор на бестселерот на Њујорк тајмс, „Чесни лекари“

Цена: 490 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Просветно Дело АД Скопје

Report an abuse for product Уметност на победата : мемоари од творецот на “Најк”

Категорија:
ИСБН: 978-608-228-440-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Уметност на победата : мемоари од творецот на “Најк””

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in