Децата на комунизмот кн.2
Автор:
Миломир Мариќ
Издавач:
Ѓурѓа |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Deca komunizma 2 |
Бр. на страни:
426 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
Никој не можеше да поверува дека некој моќен не стои зад мене и дека низ животот ме водат исклучиво лудата глава и чистата љубопитност. Во самоодбрана за случајно да не ме откријат и едноставно да ме тргнат, никогаш не демантирав дека работам за сите можни домашни и странски разузнавачки служби, затоа што таквите сомнежи долго ми беа практично единствената заштита.
Добрица Ќосиќ често ме прекоруваше дека сум ѝ забил нож во грб на неговата генерација.
Живојин Павловиќ напиша инспиративен есеј за мојата политичка порнографија.
Насекаде ме фалеа Данило Киш и Мирко Ковач.
Единствено Милован Данојлиќ ме напаѓаше три дена по ред на француското радио во Париз.
Никој не можеше да поверува дека некој моќен не стои зад мене и дека низ животот ме водат исклучиво лудата глава и чистата љубопитност. Во самоодбрана за случајно да не ме откријат и едноставно да ме тргнат, никогаш не демантирав дека работам за сите можни домашни и странски разузнавачки служби, затоа што таквите сомнежи долго ми беа практично единствената заштита.
Миломир МАРИЌ со децении ги истражуваше забранетите страници од нашата историја, уништуваше вкоренети заблуди, опсесии и отвораше опасни табу-теми, свесен дека минатото, после сè, може да биде понеизвесно од сегашноста и од иднината. Во оваа книга тој се обидува да препознае што навистина се случувало и што се крие зад политичките кулиси и измами, истовремено со страст пребарувајќи низ намерно изгубените и скриени документи на домашните и странските архиви, и запишувајќи ги сеќавањата кои јунаците од нашата епоха сакаа да однесат в гроб – тој ги печати како предупредување за иднината во контроверзната книга – Децата на комунизмот.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.