Прасето Смарти и неговата мисија

Издавач: БигУ Академија | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Pujsek Smarty in njegova misija | Бр. на страни: 36 | Димензии: 21x29,7 | Корица: /

Прасето Смарти и неговата мисија е шармантна и интересна книга која на децата на љубезен и разбирлив начин ќе им ја отвори вратата во светот на финанзиите, позитивниот начин на размислување, прифаќањето на самите себе си со радост и донесувањето на добри одлуки. Смарти ќе ги науи на најважните работи за личните финансии, а воедно ќе им покаже и како светот да го доживуваат како радосно и позитивно место со отворено срце. Смарти е посебно, но и многу интересно прасе. Дојде на Земјата со намера на луѓето да им ги отвори очите, да ги научи за парите и да им помогне да ги надминат своите стравови. Секако дека е различен од сите живи суштества на нашата планета. Се разликува по изгледот, искуството и размислувањето, а свесен е дека токму поради овие свои уникатности и љубезноста е непроценлив. Сака исто тоа да ги научи и децата. Смарти знае како на децата да им посее позитивен став кон парите и што за нив треба да знаат. Свесен е дека со негова помош ефикасно ќе располагаат со нив и кога ќе пораснат. На својата мисија ќе ги поведе на патот до финансиска писменост и внатрешно богатство. Прасето Смарти и неговата мисија е многу повеќе од книга за парите. Со нејзина помош ќе се ослободиме од ограничувачките уверенија, стравови и многу внатрешни пречки. Ја слави единственоста и различноста, затоа што сакаме секое дете да биде свесно дека постои место на светот каде моќе да ги изрази своите емоции и креативност, а со тоа и да ги оствари своите желби. Драгоцени работи кои децата (и родителите) ќе ги научат: • Финансиска писменост и позитивните концепти за парите, важни се уште во детството. • Нашата финансиска ситуација многу зависи од нашите уверенија за парите. • Ако детето уште во детството научи да управува со парите, ќе избегне многу проблеми кога ќе порасне. • Богатство не се само парите и материјалните добра. Богатство носи и времето, слобода, љубезност, прифаќање, помагање на другите… • Секој од нас има можност да ја пронајде смислата на она што го работи и да го направи забавни. • Во семејтстовот мора да разговараме отворено и да си помагаме еден на друг. • Се охрабруваме и прифаќаме едни со други иако сме различни. • Одговорност на секому е да учи и да се менува, затоа што ако сака да види различни и подобри резултати мора нешто да промени. • Ако сакаме повеќе радост во својот живот, мора да побараме нови искуства. • Добрата волја, радост, смеата и прифаќањето се многу важни и потребни работи. • Внимателно ќе се однесуваме кон планетата кога ќе научиме внимателно да се однесуваме кон себе. • Светот ќе биде мирен кога секој поединец ќе знае како да го пронајде мирот во себе. • Човек кој со лутина и тага, агресија и осуда се обидува да ги оствари своите соништа, никогаш не достигнува вистинска среќа. • Животот не треба да го сфаќаме премногу сериозно. Важно е да си дадеме дозвола себе си за смеа, среќа, љубезност и опуштеност. • Кога едни на други гледаме со срце, секогаш гледаме убавина. • Сите ние сакаме да бидеме прифатени: мали и големи, дебели и слаби, луѓе со способни нозе како и луѓе во инвалидски колички. Прифаќањето прави чуда. Сите поуки, тврдења и совети во Смартиевата приказна се раскажани на убав, интересен и разбирнив начин. Формат: А4 Бр. на страни: 34 во боја, со богати илустрации Тврди корици

Цена: 600 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач БИГУ Академија

Report an abuse for product Прасето Смарти и неговата мисија

Категории: , , , ,
ИСБН: 978-608-4896-08-1

Questions and Answers

You are not logged in