Радоста на постоењето

Издавач: Паблишер | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Радоста на постоењето | Бр. на страни: 132 | Димензии: 20 | Корица: мека

Кога би имале можност одново да живеете, колку одлуки би промениле? Многу, зар не? Но што ако тие одлуки биле правилни, а вие не сте извлекле поуки од нив? Минатото и погрешните одлуки можат да бидат ваши непријатели или ваши учители.

Време е да се прифатите себеси и да станете свесни за големината што ја имате во себе, а оваа книга ќе ви го овозможи тоа. Ќе ви помогне да живеете во хармонија, да го постигнете својот духовен развој, да бидете благодарни за она што го имате и да создадете еден нов живот менувајќи ги своите мисли и уверувања.

Спојувајќи ги јазикот на умот и јазикот на емоциите, Симона Петреска Георгиева пишува на јазикот на кој говори сечија душа – со зборови кои допираат директно во срцето, но и одново го кодираат мозокот учејќи го како да мисли позитивно.

Вистинската промена започнува оттука – човек со стекната свест за својот живот ја има моќта да го промени светот. Ако душата е земја, вие сте нејзини земјоделци. Посејте ѝ љубов и гледајте како во вас завладува хармонија.

Цена: 300 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Радоста на постоењето

Категории: ,
ИСБН: 978-608-4892-86-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Радоста на постоењето”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in