Радоста на постоењето
Автор:
Симона Петреска
Издавач:
Паблишер |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
Радоста на постоењето |
Бр. на страни:
132 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
Кога би имале можност одново да живеете, колку одлуки би промениле? Многу, зар не? Но што ако тие одлуки биле правилни, а вие не сте извлекле поуки од нив? Минатото и погрешните одлуки можат да бидат ваши непријатели или ваши учители.
Време е да се прифатите себеси и да станете свесни за големината што ја имате во себе, а оваа книга ќе ви го овозможи тоа. Ќе ви помогне да живеете во хармонија, да го постигнете својот духовен развој, да бидете благодарни за она што го имате и да создадете еден нов живот менувајќи ги своите мисли и уверувања.
Спојувајќи ги јазикот на умот и јазикот на емоциите, Симона Петреска Георгиева пишува на јазикот на кој говори сечија душа – со зборови кои допираат директно во срцето, но и одново го кодираат мозокот учејќи го како да мисли позитивно.
Вистинската промена започнува оттука – човек со стекната свест за својот живот ја има моќта да го промени светот. Ако душата е земја, вие сте нејзини земјоделци. Посејте ѝ љубов и гледајте како во вас завладува хармонија.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.