Слобода од познатото

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2023
Оригинален наслов: Freedom from the known. | Бр. на страни: 136 | Димензии: 21 | Корица: мека

За да се гледа не се потребни ни философија ни учител. Никој не мора да ви каже како да гледате. Едноставно гледате.

Нашиот свет е полн со насилство и страдање и потребна му е промена. Но како таа да се постигне? Кришнамурти нè поттикува активно да (се) истражуваме и да излеземе од стапицата на познатото за да можеме да постигнеме промена во себе, а со тоа и промена во мислењето и однесувањето на целото човештво.

Што е освестеноста и како да се постигне, во што е суштината на човековата потрага, што е љубовта, зошто се плашиме од смртта, зошто страдаме и зошто нашиот ум е несреќен?... се само дел од поважните теми што ги обработува Кришнамурти покажувајќи како луѓето можат радикално и брзо да се ослободат од тиранијата на очекуваното, без разлика на својата припадност. Големиот учител ни нуди изобилна духовна ризница од која читателот ќе црпи со задоволство и благодат.

„Кришнамурти ми изврши длабоко влијание и ми помогна да ги надминам самонаметнатите ограничувања на мојата слобода.“
Дипак Чопра

„Еден од најголемите мислители на сите времиња.“
Далај-лама

Цена: 280 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Слобода од познатото

Категории: ,
ИСБН: 978-608-230-891-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Слобода од познатото”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in