За самиот себе
Автор:
Марко Аурелиј
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2005
Оригинален наслов:
To himself |
Бр. на страни:
182 |
Димензии:
0
|
Корица:
/
Создавајќи од филозофијата на стоицизмот своја лична филозофија, филозофија за самиот себе, Аурелиј ги допира најсуштинските прашања на човековото постоење во светот. Врз кои темели да се изгради сопствениот живот, да се живее за себе и да се живее со другите, кој е императивот кој е движечкиот импулс на битисувањето? Текстот го наоѓа своето безвремено постоење затоа што е совршено актуелен, затоа што изнесените дилеми не познаваат антички времиња и современи општества. Човекот сеуште настојува да создаде посовршен свет, свет во кој страдањето, болката и неправдата ќе им го отстапат местото на радостите на животот.Рецептот кој ни е понуден изгледа отприлика вака: човекот треба да се стреми кон самоусовршување; на тоа треба да се додаде фактот дека човековата судбина е детерминирана, што не треба да биде пречка стоички да се издржат сите болки и страдања; единствена грижа треба да ни биде да живееме во согласност со разумот и обидот да се намалат страстите на телото. Треба да се додадат и алтруизмот и космополитизмот, како врвни принципи на човекото делување во светот. А смртта, таа е само уште една неизбежност, крајна етапа на животот кој само така го постигнува своето заокружување, ја добива својата смисла.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.