Стакленото ѕвоно
Автор:
Силвија Плат
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2006
Оригинален наслов:
The bell jar |
Бр. на страни:
317 |
Димензии:
0
|
Корица:
/
Пишувам само заради тоа што во мене има глас што не сака да мирува.Првобитно објавен под псевдонимот Викторија Лукас, единствениот роман на поетесата Силвија Плат излегува во печат истата година кога таа решава да му стави крај на својот живот. Пишувањето отсекогаш било цреатио, создавање на еден нов свет, на поинаква реалност. А писателот е оној демијург кој ја има сета слобода да создаде космос според своите правила, различен а сепак толку близок до реалноста, како некој вид друга димензија на истиот време-простор.Овој роман е обид да се промисли својот живот низ зборовите, обид испишувајќи го своето писмо да се испише и сопствениот живот. И истовремено, да се издигне над суровата реалност во која стравот од неизнаоѓање на вистинските зборови, од сомнежот во сопствениот гениј полека ја кочи имагинацијата и творечкиот дух. Пишувајќи ја својата измислена приказна, Плат раскажува дел од својот живот, но нејзиниот фикционален лик не е само олицетворение на самата Плат, туку и слика за човекот застанат пред својот живот, пред амбисот кој се отвора пред него и му го наметнува прашањето: Каде одиме? Дали се изгубивме на својот пат? Крајот не е трагичен, крајот е како Првиот човек на Ками. Животот е трка на двеста метри со пречки. Пречките треба да се прескокнат.Најголемиот непријател на креативноста е сомнежот во себе (Од Дневникот на Плат).
2 оценки за Стакленото ѕвоно
Questions and Answers
You are not logged in
Maja Simik (верификуван корисник) –
Monika Igevska Rizova (верификуван корисник) –