Заштита од земјотреси

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2009
Оригинален наслов: Earthquake Protection | Бр. на страни: 421 | Димензии: 153x228 | Корица: /

Главни карактеристики на оваа книга се:

-  Покривање на неодамнешни настани

- Нови достигнувања во теоријата и во практиката за планирање, техниките за проценка на загубите и во инженерските техники за микрозонирање и за мапирање на ризици

- Искуства со стари (историски важни) објекти

- Одделно поглавје насловено како „Земјотреси и финансии“

Ова четиво претставува големо богатство за сите земјотресни инженери, градежни инженери, геолози, експерти за осигурување, експерти за превенција од загуби, експерти за справување со ризици, агенции за справување со вонредни состојби и разни урбани и регионални планери. На сите нив им се нуди сеопфатен преглед на постапките за намалување на последиците од земјотресите врз луѓето и врз имотите, како и имплементирањето на најдобрите постапки за справување со овој вид катастрофи. Секое поглавје се занимава со различните аспекти за заштита и покрива широк спектар од социјални и економски услови, значително потпирајќи се на личното искуство на авторите, како и врз низа вистинити случки.
Ендрју Кобурн е потпретседател на Институтот за истражување катастрофи од Центарот за решенија при справувањето со ризици. Покрај неговото влијание во креирањето на државните политики на одредени земји за справување со ризици од тероризам и за урбано планирање, тој има огромно искуство во развивањето модели за справување со ризици што се користат при донесувањето деловни одлуки.
Робин Спенс
е потпретседател на Европската асоцијација за земјотресно инженерство. Професор е по архитектонско инженерство на Катедрата за архитектура при Универзитетот „Кембриџ“.
Ова нивно дело, кое постојано се надоградува, се здобива со непроценлива вредност во текот на 90-тите години од минатиот век, кога беа потрошени убедливо најмногу средства во досегашната историја за справување со кризите предизвикани од разноразни сеизмички настани, што доведе до невиден притисок, особено врз осигурителниот сектор и радикално ги смени нивните погледи кон заштитата од земјотреси.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
arhitektura@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1750 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Заштита од земјотреси

Категорија:
ИСБН: 978-608-4535-03-4

1 оценка за Заштита од земјотреси

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in