Заштита од земјотреси
Главни карактеристики на оваа книга се:
- Покривање на неодамнешни настани
- Нови достигнувања во теоријата и во практиката за планирање, техниките за проценка на загубите и во инженерските техники за микрозонирање и за мапирање на ризици
- Искуства со стари (историски важни) објекти
- Одделно поглавје насловено како „Земјотреси и финансии“
Ова четиво претставува големо богатство за сите земјотресни инженери, градежни инженери, геолози, експерти за осигурување, експерти за превенција од загуби, експерти за справување со ризици, агенции за справување со вонредни состојби и разни урбани и регионални планери. На сите нив им се нуди сеопфатен преглед на постапките за намалување на последиците од земјотресите врз луѓето и врз имотите, како и имплементирањето на најдобрите постапки за справување со овој вид катастрофи. Секое поглавје се занимава со различните аспекти за заштита и покрива широк спектар од социјални и економски услови, значително потпирајќи се на личното искуство на авторите, како и врз низа вистинити случки.
Ендрју Кобурн е потпретседател на Институтот за истражување катастрофи од Центарот за решенија при справувањето со ризици. Покрај неговото влијание во креирањето на државните политики на одредени земји за справување со ризици од тероризам и за урбано планирање, тој има огромно искуство во развивањето модели за справување со ризици што се користат при донесувањето деловни одлуки.
Робин Спенс е потпретседател на Европската асоцијација за земјотресно инженерство. Професор е по архитектонско инженерство на Катедрата за архитектура при Универзитетот „Кембриџ“.
Ова нивно дело, кое постојано се надоградува, се здобива со непроценлива вредност во текот на 90-тите години од минатиот век, кога беа потрошени убедливо најмногу средства во досегашната историја за справување со кризите предизвикани од разноразни сеизмички настани, што доведе до невиден притисок, особено врз осигурителниот сектор и радикално ги смени нивните погледи кон заштитата од земјотреси.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на arhitektura@arslamina.com.
1 review for Заштита од земјотреси
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –