Животински инстинкти: Како човечката психологија ја движи економијата и зошто е важна за глобалниот капитализам

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: Animal Spirits: How Human Psychology Drives the Economy and Why It Matters for Global Capitalism | Бр. на страни: 247 | Димензии: 148x233 | Корица: /

Џорџ А. Акерлоф е почесен професор по економија на Баркли“ при Универзитетот од Калифорнија. Во 2001 година ја има добиено Нобеловата награда за економија.
Роберт Џ. Шилер
е еден од најдобро продаваните автори, професор по економија на Универзитетот „Јејл“ .
Од самиот рејтинг на авторите може да се насети за каква книга станува збор. Уште ако се додаде и податокот дека ова издание во 2009 година влезе во  најтесен избор за наградата „Голдман Сакс“ што ја доделува „Финаншал тајмс“, добивате комплетна слика за нејзината големина. Во неа повторно се потврдува потребата од активна улога на секоја влада во креирање на економските политики. Возобновена е идејата за животинските инстинкти, термин со кој Џон М. Кејнз го опишал чувството на дотолченост што преовладувало за време на Големата светска криза и менувањето на психологијата што следело потоа за време на излегувањето од кризата. Детално се опишани најсилните животински инстинкти што имаат влијание врз современиот економски живот, довербата, стравот, корупцијата, грижата за правичност, нешта што изостануваат во „Реганоманијата“ и во  „Тачеризмот“.
Покриена е голема низа од ставки меѓу кои и бизнис-циклусите, инфлацијата, невработеноста, осцилациите на финансиските пазари, постоењето на сиромаштијата и начинот на кој функционира монетарната политика. Влијанието на животинските инстикти врз нив е неспорно. За жал, повеќето економисти и бизнис-писатели очигледно не го земаат тоа предвид и на тој начин се држат кон веќе познатите и вештачки толкувања на економските настани. Тие претпоставуваат дека варијациите на индивидуалните чувства, впечатоци и страсти во целост не се важни и дека економските настани се водени од необјасниви технички фактори или некоја непредвидлива владина акција. Наспроти тоа, во оваа книга ќе откриеме дека потеклото на економските настани е доста познато и се наоѓа во нашето секојдневно размислување кое е, водено, од ова или она влијание. Доколку во секојдневната економија постојат животинските инстинкти (според авторите постојат), тогаш при нејзиното толкување тие мора да бидат земени предвид.
Сензационална книга, провокативна по содржина и доста убедлива, претставува уникатно четиво за сите што имаат подлабоки интереси за економијата или, пак, со неа се занимаваат професионално.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 790 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Животински инстинкти: Како човечката психологија ја движи економијата и зошто е важна за глобалниот капитализам

Категорија:
ИСБН: 978-608-4535-84-3

1 оценка за Животински инстинкти: Како човечката психологија ја движи економијата и зошто е важна за глобалниот капитализам

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in