Корпорациски преземања и продуктивност
Новата книга на Френк Лихтенберг е импресивна студија за односот меѓу продуктивноста и менувањето на сопственоста. Приложува сосема нови и важни докази за причините за промена на сопственоста и за последиците од истата.
Френк Л. Лихтенберг е професор-соработник на Факултетот за бизнис при Универзитетот „Колумбија“ и соработник за истражување при Националното биро за економски истражувања. Со своите анализи за преземањата тој прави многу голем придонес кон литературата поврзана со продуктивноста. Во време кога во американската економија се води голема грижа за продуктивноста и за конкурентноста, од суштинско значење за сите е да се дознае што се случува кога одреден индустриски капацитет ќе го смени сопственикот. Во овој текст треба да се отпочне со потрагата по одговорот на прашањето: Дали реструктурирањето й помогнало или й наштетило на продуктивноста?
Набрзо може да се заклучи дека реконструирањето на економијата во САД во минатата декада доведе до повисока продуктивност и до поголема меѓународна конкурентност. Лихтенберг открива дека вообичаено најмалку продуктивните компании менуваат сопственици – промена која се стреми кон зголемување на продуктивноста. Притоа, по преземањето се редуцираат вработувањата и се намалуваат платите на работниците што носат бела работна облека (со исклучок на оние што работат на истражување и на развој), но не и на работниците со сина работна облека.
Оваа книга се препорачува за сите читатели што сакаат да знаат што се случува при едно корпорациско преземање, тргнувајќи од менувањето на корпорациската контрола, влијанието врз цените на акциите, па сé до влијанието врз променливите како што се излезните големини, продуктивноста, вработувањата, истражувањето и развојот како и инвестициите во основни средства.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на ekonomija@arslamina.com.
1 оценка за Корпорациски преземања и продуктивност
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –