Меѓународен маркетинг: Планирање на стратегиите, настап на пазарите и реализација
Книгата тематски е поделена на два дела: „Трговско опкружување“ и „Организирање на меѓународните пазари“. Во нив се разработени следниве теми: меѓународна трговија, техники за регионални анализи, техники за истражување на пазарот и за негова детална анализа, настапување на меѓународни пазари, извозни методи, глобални производи, глобално утврдување на цени и меѓународно рекламирање.
Содржината изобилува со детални истражувања што содржат непроценливи информации за меѓународниот маркетинг и за тоа како да се функционира во неговата средина. Напишан со јасен стил, текстот анализира тактички, оперативни и стратегиски аспекти релевантни за секој субјект на пазарот што сака да го максимизира ефектот од своето работење во странство. Исто така, книгава се препорачува за сите студенти што сакаат да го совладаат овој предмет детално.
Автори се Роџер Бенет, истражувач и практикант во делот на европското и на меѓународното деловно поле, професор на Катедрата за бизнис при Универзитетот „Метрополитен“ од Лондон и Џим Блит, доцент по маркетинг во деловното училиште „Гламорган“ при Универзитетот „Гламорган“.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на ekonomija@arslamina.com.
1 оценка за Меѓународен маркетинг: Планирање на стратегиите, настап на пазарите и реализација
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –