Меѓународен маркетинг: Планирање на стратегиите, настап на пазарите и реализација

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: International marketing: Strategy planning, Market entry & Implementation | Бр. на страни: 368 | Димензии: 182x245 | Корица: /

Книгата тематски е поделена на два дела: „Трговско опкружување“ и „Организирање на меѓународните пазари“. Во нив се разработени следниве теми: меѓународна трговија, техники за регионални анализи, техники за истражување на пазарот и за негова детална анализа, настапување на меѓународни пазари, извозни методи, глобални производи, глобално утврдување на цени и меѓународно рекламирање.
Содржината изобилува со детални истражувања што содржат непроценливи информации за меѓународниот маркетинг и за тоа како да се функционира во неговата средина. Напишан со јасен стил, текстот анализира тактички, оперативни и стратегиски аспекти релевантни за секој субјект на пазарот што сака да го максимизира ефектот од своето работење во странство. Исто така, книгава се препорачува за сите студенти што сакаат да го совладаат овој предмет детално.
Автори се Роџер Бенет, истражувач и практикант во делот на европското и на меѓународното деловно поле, професор на Катедрата за бизнис при Универзитетот „Метрополитен“ од Лондон и Џим Блит, доцент по маркетинг во деловното училиште „Гламорган“ при Универзитетот „Гламорган“.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 990 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Меѓународен маркетинг: Планирање на стратегиите, настап на пазарите и реализација

Категорија:
ИСБН: 978-608-4535-85-0

1 оценка за Меѓународен маркетинг: Планирање на стратегиите, настап на пазарите и реализација

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in