Островот со скриеното богатство

Издавач: КУЛТУРА | Јазик: Македонски | Година: 1993
Оригинален наслов: Treasure island | Бр. на страни: 193 | Димензии: 0x0 | Корица: /

Безмалку секоја од модерните идеи за пиратите потекнува или е популаризирана во „Островот со скриеното богатство“: едрениците, пустите острови, едноногите морнари со папагали на нивните рамена, картите со скриено богатство обележани со X. Внимателен стилист, Роберт Луис Стивенсон успева во оваа книга да создаде не само еден од најсаканите класици за деца, но и едно од најнезаборавните дела во историјата на книжевноста.

Причината за успехот на Стивенсон е двојна: тој не само што е еден од врвните мајстори на зборот (фален и величан во повеќе од еден наврат и тоа од автори од рангот на Борхес, Хенри Џејмс, Пруст и Набоков), туку е и еден од најуспешните диригенти на фабулата. Два цитати на Г. К. Честертон кажуваат многу и за едното и за другото. Првиот е за Стивенсон: тој секогаш „успева да го дофати правилниот збор со врвот на пенкалото, небаре човек што игра микадо“. Вториот токму за „Островот со скриеното богатство“: таа е „реализација на еден идеал, токму оној што е ветен во нејзината провокативна и примамлива карта; визија не само на бели скелети, туку и на зелени палми и сафирни океани“.

И навистина - на план на раскажувачка уметност и авантуристички дух, „Островот со скриеното богатство“ е ненадминат роман, имитиран и пастиширан толку многу пати што дури и малкумината кои го немаат читано, веќе ќе бидат запознаени со некои од неговите ликови и настани

Рангирано 4 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 100 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Култура

Report an abuse for product Островот со скриеното богатство

Категорија:
ИСБН: 978-9989-32-257-0

1 оценка за Островот со скриеното богатство

  1. Rated 4 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  2. Rated 1 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

    мн е глупа книгата ПОГЛУПА АМИН!!!!

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in