Теорија за оданочување и јавна економија
Целта на оваа книга е да понуди еден уникатен концепт за нормативите при проучувањето на оданочувањето и за предметите поврзани со јавната економија. Авторот Луис Каплоу е професор по право и по економија на Правниот факултет при Универзитетот „Харвард“, заменик-директор на Центарот за право, економија и бизнис „Џон М. Олин“ и вонреден истражувач во Националното биро за економски истражувања.
Тој воведува нови идеи за тешките прашања од темата оданочување на приходот и другите фискални инструменти. Неговиот јасен стил на пишување и новитетите што произлегуваат од неговите анализи прават оваа книга да се чита релаксирано и со задоволство. Погодна е како за студенти така и за истражувачи.
Анализите што ги прави авторот на старите стандардни проблеми со јавните финансии се креирани од сосема нов агол и објаснети на нов начин.
Во првиот дел е разгледана рамката во која се поставени јавните финансии. Понатаму, во вториот дел, станува збор за оптималното оданочување, а во третиот за државните расходи. Во четвртиот дел се разгледани дополнителните аспекти при оданочувањето, а за крај, во петиот дел, дадени се начините за правилно распределување на средствата и создавање социјална заштита во права смисла на зборот. Од самите наслови на секој од деловите се гледа дека станува збор за книга што разработува актуелни теми и се наметнува како задолжително четиво.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на ekonomija@arslamina.com.
1 оценка за Теорија за оданочување и јавна економија
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –