Основна Микробиологија на храна
Ова е една од ретките книги која обезбедува информации за интеракцијата меѓу храната и микроорганизмите. Оваа нивна интеракција се разгледува во однос на биопроцесирањето на храната, расипувањето на истата и болестите што се предизвикани од расипана храна. Покрај студентите, од овој текст ќе имаат голема полза и сите институции за истражување, вработените во прехранбената индустрија, консултантите за храна и агенциите, чија што примарна дејност е безбедноста на храната.
Бибек Реј е пензиониран професор по микробиологија од Одделот за животински науки при Универзитетот во Ларами, Вајоминг. По пензионирањето заминува во своето родно село во Индија, каде што е ангажиран во развивање на центарот за подобрување на здравствената заштита, образованието и економските услови во сиромашните региони.
Арун Бунија е професор по молекуларна биологија на храна на Одделот за храна при Универзитетот „Пердју“, Индијана. Покрај тоа, тој е член на уредувачкиот одбор на списанијата „Заштита на храна“ и „Храна, земјоделство и животна средина“.
Авторите ги имаат објаснето најновите методи за брзо откривање на болестите предизвикани од храната, со користење биосензори и нанотехнологија. Ги анализираат карактеристиките, изворите и значењето на доминантните микроорганизми во храната, болестите што се пренесуваат преку храната, патогените во храната што предизвикуваат труење, контролирањето на микробите и сите релевантни фактори што имаат влијание врз безбедноста на храната.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
2 оценки за Основна Микробиологија на храна
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –