Фискални политики и порастот во светската економија

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Fiscal Policies and Growth in the World Economy | Бр. на страни: 664 | Димензии: 150x230 | Корица: /

Покривајќи широк спектар теми од областа на макроекономијата и од јавната економија, оваа книга може успешно да се користи за стручни усовршувања и за постдипломски студии. Изобилува со примeри за решавање типични динамични макропроблеми, заедно со вежби и нивни решенија.
Сето ова
e благодарение на авторите Џејкоб А.Френкел, гувернер на Израелската народна банка и Асаф Разин, професор по јавна економија на Универзитетот во Тел Авив и професор по меѓународна економија на Универзитетот „Корнел“. Воедно, тој е и соработник за истражување во Националното биро за економски истражувања и повремен истражувач во Центарот за истражување на економската политика.
Целта што се постигнува со оваа книга се однесува на справувањето со главните теми од макроекономијата и од јавната економија. Притоа, авторите се користат со традиционални и со современи модели. Во првиот дел од книгата е објаснет традиционалниот пристап, од едноставниот модел на приходи и расходи, па сé до понапредниот стохастичен Мандел-Флемингов модел. Во вториот дел се претставени современите пристапи, од едноставниот двепериоден модел, па сé до развиените динамични методи. Во посебни делови се дадени прегледи на неодамнешните настани во светската економија: државни расходи, буџетски дефицити, разликите што постојат во меѓународното оданочување, економскиот раст на глобалната економија и сé поголемото приближување на нивоата на приходи меѓу државите.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1450 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Фискални политики и порастот во светската економија

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-212-0

1 оценка за Фискални политики и порастот во светската економија

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in