Фискални политики и порастот во светската економија
Покривајќи широк спектар теми од областа на макроекономијата и од јавната економија, оваа книга може успешно да се користи за стручни усовршувања и за постдипломски студии. Изобилува со примeри за решавање типични динамични макропроблеми, заедно со вежби и нивни решенија.
Сето ова e благодарение на авторите Џејкоб А.Френкел, гувернер на Израелската народна банка и Асаф Разин, професор по јавна економија на Универзитетот во Тел Авив и професор по меѓународна економија на Универзитетот „Корнел“. Воедно, тој е и соработник за истражување во Националното биро за економски истражувања и повремен истражувач во Центарот за истражување на економската политика.
Целта што се постигнува со оваа книга се однесува на справувањето со главните теми од макроекономијата и од јавната економија. Притоа, авторите се користат со традиционални и со современи модели. Во првиот дел од книгата е објаснет традиционалниот пристап, од едноставниот модел на приходи и расходи, па сé до понапредниот стохастичен Мандел-Флемингов модел. Во вториот дел се претставени современите пристапи, од едноставниот двепериоден модел, па сé до развиените динамични методи. Во посебни делови се дадени прегледи на неодамнешните настани во светската економија: државни расходи, буџетски дефицити, разликите што постојат во меѓународното оданочување, економскиот раст на глобалната економија и сé поголемото приближување на нивоата на приходи меѓу државите.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на ekonomija@arslamina.com.
1 review for Фискални политики и порастот во светската економија
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –