Избор, Благосостојба и Мерење
Амарти Сен е професор по економија и по филозофија при универзитетите „Харвард“ и „Ламонт“. Добитник е на Нобеловата награда за економија. Неговото мајсторство е неспорно во полето на социјалниот избор, изнаоѓањето на благосостојбата во економијата и пошироко, како и мерењето на проблемите што се појавуваат во овие сфери. Во ова издание е направена селекција од трудови што даваат целосна слика за неговата работа во овие области.
Овие научни трудови се класика сами по себе и имаат испровоцирано многубројни дискусии кои понатаму прераснале во додатоци, апликации и критицизам. Дел од тие дискусии се повредни и од самите трудови што ги испровоцирале. Поделена во пет дела, оваа книга со секој свој дел поединечно, н# води низ темите на избор и преференција, агрегација на предноста, споредбите на благосостојбите и социјалниот избор, информациите за некорисноста и социјалните мерења.
Што повеќе да се каже. Ако сте економист што ја сака и изучува економијата до нејзините најголеми длабочини, тогаш ова дело мора да биде дел од вашата лична и професионална библиотека.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на ekonomija@arslamina.com.
1 оценка за Избор, Благосостојба и Мерење
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –