Маслиново масло: Хемија и технологија
Во ова издание се нуди обработка на теми што бележат брз развој во последните години. Целта е да му се создаде на читателот стабилна основа за решавање на конкретни проблеми што би можеле да се појават во иднина.
Во првиот дел од книгата се зборува за традицијата на маслиновото дрво, неговите карактеристики и местото на маслиновото масло на светскиот пазар. Понатаму, во вториот дел се анализираат составот на маслиновото масло, поларните фенолни соединенија, факторите што влијаат врз квалитетот на маслото, методите за докажување на автентичноста и поволните влијанија врз здравјето, не само од основните состојки туку и од страна на оние компоненти што се помалку застапени во маслото. Во третиот, последен дел, се разгледува екстракцијата на маслото, неговите третмани и модификации, начините на пакување и складирање, и неговата крајна употреба во кулинарството.
Од ден на ден маслиновото масло сè повеќе станува составен дел од исхраната на многу луѓе ширум светот. Поради тој факт, авторот Димитриос Боску (лабораторија за хемија и технологија на храна при Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Грција) се одлучил за уредување на оваа книга, која уште повеќе ни го доловува големото значење на овој прехранбен продукт.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 оценка за Маслиново масло: Хемија и технологија
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –