Конрад – или детето од конзерва
Автор:
Кристине Нестлингер
Издавач:
ИКОНА |
Јазик:
македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
KONRAD oder DAS KIND AUS DER KONSERVENBÜCHSE |
Бр. на страни:
174 |
Димензии:
129 x 198mm
|
Корица:
тврда
Фабрика за деца, на заинтересираните им испорачува конзерви
со веќе развиени, образовани и убаво воспитани деца. Главниот
јунак Конрад, успева да се спаси од родителите на коишто им е
наменет, токму со стекнување на здрава доза на непослушност
и самостојност.
КРИСТИНЕ НЕСТЛИНГЕР е родена во 1936 година во Виена и им
припаѓа на најуспешните современи писателки за литература
за деца и млади. Меѓу другото, таа била одликувана со
Германската награда за литература за млади, со Австриската
државна наградаи со наградата Ханс Кристијан Андерсен. За
целокупното нејзино дело, како првонагредена, таа е добитничка
на високо рангираната награда во спомен на Астрид Линдгрен.
Образложувајќи ја одлуката нејзе да ѝ се додели оваа награда,
жирито го изјави следното:
„Кристине Нестлингер навистина не сака да воспитува, исто онака
како и Астрид Линдгрен. Нејзината многустрана и исклучително
ангажирана дејност како писателка се карактеризира со
беспоштеден хумор, остроумна сериозност и тивка топлина и таа
безрезервно стои на страната на децата и на отпадниците“.
Според зборовите на жирито при претставувањето на
добитничката на оваа награда, ремек-делото на нејзините
фантастични раскази е романот КОНРАД ИЛИ МОМЧЕТО ОД
КОНЗЕРВА.
Questions and Answers
You are not logged in