Наука за почвата (педологија) и менаџмент
Оваа книга се карактеризира со разбирлив текст, без технички изрази, наменет за земјоделците и за екологистите, како и сите останати што имаат интерес за почвите и за нивното ефикасно користење. Содржи многу илустрации во боја и табели за полесен преглед на информациите. Во додатокот се објаснети основните хемиски поими што го прават текстот достапен и за читатели со слаби познавања од хемијата. Во неа се разработени концептите за менаџирање на почвата и на водата во урбаните средини.
Авторот Едвард Џ.Пластер го напишал овој текст сакајќи да исполни три основни цели: да го запознае читателот со почвените и со водните ресурси во САД и да обезбеди целосно признавање на значењето на овие ресурси, да направи спој меѓу педологијата како наука и практиката т.е. луѓето кои ја практикуваат и да ја истакне одржливоста на менаџментот со почвите и со водите преку најдобрите досегашни практики.
Покрај овие три основни цели, се провлекува и една четврта цел: да се посвети поголемо внимание на нашиот однос кон почвата во природата, со посебен акцент врз почвите во природните екосистеми. Поради сè поизразените последици од глобалните климатски промени, авторот посветува повеќе внимание на врската меѓу почвата и климата и на ефектот што го предизвикуваат кај почвите климатските промени.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 оценка за Наука за почвата (педологија) и менаџмент
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –