Комерцијално банкарство: Управување со ризици

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Commercial Banking: The Management of Risk | Бр. на страни: 576 | Димензии: 200x252 | Корица: /

Текстот има за цел да му го олесни на читателот разбирањето на актуелните настани во банкарството, тргнувајќи од електронското банкарство и брзото зголемување на меѓународните активности па сè до најновите закони и регулативи. Со посебен акцент врз управувањето со ризикот и максимизирање на профитот, овој наслов ќе ви овозможи обемен и практичен вовед во банкарскиот менаџмент и сегашните банкарски практики кои се користат за контрола на ризиците. Посочени се факторите што влијаат врз вредноста на банката и техниките за управување со таа вредност, вклучувајќи притоа и користење финансиски деривати. Посебен дел од книгата е посветен на главните активности при процедурата за одобрување кредит од гледна точка на банката и на кредитобарателот.
Бентон Е. Гуп
е професор по банкарство и финансиски менаџмент на Универзитетот во Синсинати и поранешен претседател на Среднозападната финансиска асоцијација.
Џејмс В. Колари
е директор на банкарската програма и професор по финансии на Универзитет „А и М“ во Тексас.
Текстот е организиран во пет делови: вовед, управување со активата и со пасивата, инвестирање, кредитирање и управување со ликвидноста, главница, пасива и управување со вонбилансна состојба и домашни и меѓународни финансиски услуги. Од досега кажаното може да извлечеме заклучок дека „Комерцијално банкарство: управување со ризик“ е задолжителна литература за секој што сака да биде во тек со случувањата во банкарството денес.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 2990 ден

44 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Комерцијално банкарство: Управување со ризици

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-223-6

1 оценка за Комерцијално банкарство: Управување со ризици

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in