Стратегија на монетарна политика

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Monetary Policy Strategy | Бр. на страни: 560 | Димензии: 165x222 | Корица: /

Фредерик С.Мишкин е еден од водечките експерти во областа на монетарната политика, како на научно ниво така и на практично, и тоа во последниве педесетина години. Овие негови собрани дела прикажуваат една интелектуална траекторија со која одблизу се дефинира напредокот на размислувањата во областа. Како познат академик и креатор на политики, авторот ги презентира сите свои заклучоци насобрани во текот на изминатата декада. Тие заклучоци се однесуваат на монетарната политика кај напредните пазари, но и за монетарните политики што треба да се применуваат кај пазарите што допрва се креираат. Истражувањето е емпириско, внимателно и урамнотежено, со фокус на прагматичната и флексибилна форма на инфлациско таргетирање, што е, според авторот, најдобар вид монетарна политика, како за САД така и за многу други земји. Ова е дефинитивно книга што треба да се прочита доколку сакате да разберете кон каде е насочена монетарната политика и зошто.
Фредерик С.Мишкин
е професор по банкарство и по финансиски институции на Факултетот за бизнис при Универзитетот „Колумбија“ и стручен соработник во Националното биро за економски истражувања. Во периодот од 2006 до 2008 година бил член на Одборот гувернери во системот за федералните резерви.
На крајот од овој текст, Мишкин пишува едно поглавје во кое го резимира сето претходно кажано за монетарната политика и за нејзините карактеристики во последниве триесетина години. Ако го земеме предвид насоловот на неговото прво поглавје, „Како дојдовме до оваа состојба?“, може слободно да кажеме дека, всушност, целата книга претставува еден голем заклучок за актуелните состојби во монетарната политика.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1990 ден

40 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Стратегија на монетарна политика

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-069-0

1 оценка за Стратегија на монетарна политика

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in