Вовед во банкарството
Вовед во банкарство претставува сеопфатен и ажуриран вовед во банкарскиот бизнис, напишан од стручни автори во областа.
Д-р Барбара Касу е виш предавач по предметот финансиски студии на Велшкиот универзитет. Нејзините истражувачки интереси се од областа на банкарството, финансиите и на мерењето на перформансите.
Д-р Клаудија Џирардоне е предавач по предметот финансии на Универзитетот во Есекс. Нејзино поле на интерес е работењето на банките и анализата на нивната ефикасност.
Д-р Филип Молину е предавач по предметот банкарство и финансии и директор на Институтот за европски финансии при Велшкиот универзитет. Исто така, предава и на Универзитетот „Еразмо“ во Ротердам. Во својата плодна кариера има работено и како консултант на Светска банка, Европската комисија, министерството за финансии на Обединетото Кралство и за голем број најразлични меѓународни банки и консултантски фирми.
Книгата опфаќа теоретски, но и практични примери поврзани со глобалната банкарска индустрија. Организираноста на книгата е во четири дела: вовед во банкарство, централно банкарство и регулирање на банките, управување со банките и компаративни банкарски пазари.
Во воведот се дадени причините поради кои постојат банките, услугите што ги нудат и најновите трендови во банкарскиот бизнис. Понатаму се анализира централното банкарство и регулирањето на банките со правење споредба меѓу практиките во Обединетото Кралство, Европа и во САД. Посебно внимание е посветено на управувањето со банките, со целосен увид во техниките за управување со ризиците и разликите што постојат меѓу комерцијалните и инвестициските банки. Во последното поглавје се дадени најновите глобални трендови што влијаат на банкарските и на финансиските системи во развиените економии, новите економии и во економиите во транзиција.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на ekonomija@arslamina.com.
1 оценка за Вовед во банкарството
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –