Теорија на правото

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Rechtstheorie | Бр. на страни: 664 | Димензии: 130x200 | Корица: /

Правото како производ на општеството, на идеологиите и на структурите на моќ е историски феномен што се менува постојано. Доколку не постои историјата и теоријата на правото, тогаш сè би се ограничило само на правната техника. Таквото ограничување може да биде опасно, бидејќи на тој начин би се занемарило влијанието на правниците во општеството и нивната одговорност за своите постапки. Авторите конкретно ги разгледуваат пресвртите и изобличувањата на правото во државниот систем на Германија во текот на последниве 100 години. Во оваа своја книга фрлаат светло врз тесно поврзаните суштински материи од правото: теоријата на правото, филозофијата на правото и судската методологија. Притоа даваат одговор на трите основни прашања во науката за правото: Што е правото? Која е функцијата на правото? На кој начин се применува правото?
Бернд Ритерс
е пензиониран професор по право од Универзитетот во Констанц. Во периодот од 1991 до 1996 година бил ректор на Универзитетот. Добитник е на многубројни награди и признанија за своите придонеси во областа на правото.
Кристијан Фишер
е професор по граѓанско право, трудово право и по теорија на правото при Универзитетот во Јена, Германија.
Нивните одговори на погоре поставените прашања се во насока на осознавање на реалните политички и идеолошки предуслови за креирање на правото како и можноста за контрола на тие предуслови.
Книгата е, пред с
è, намената за студентите од областа на правните и на политичките науки, но, според својата содржина и организираност, може да биде четиво за сите граѓани што имаат афинитети кон правото.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1990 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Теорија на правото

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-308-0

1 оценка за Теорија на правото

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in