Теорија на правото
Правото како производ на општеството, на идеологиите и на структурите на моќ е историски феномен што се менува постојано. Доколку не постои историјата и теоријата на правото, тогаш сè би се ограничило само на правната техника. Таквото ограничување може да биде опасно, бидејќи на тој начин би се занемарило влијанието на правниците во општеството и нивната одговорност за своите постапки. Авторите конкретно ги разгледуваат пресвртите и изобличувањата на правото во државниот систем на Германија во текот на последниве 100 години. Во оваа своја книга фрлаат светло врз тесно поврзаните суштински материи од правото: теоријата на правото, филозофијата на правото и судската методологија. Притоа даваат одговор на трите основни прашања во науката за правото: Што е правото? Која е функцијата на правото? На кој начин се применува правото?
Бернд Ритерс е пензиониран професор по право од Универзитетот во Констанц. Во периодот од 1991 до 1996 година бил ректор на Универзитетот. Добитник е на многубројни награди и признанија за своите придонеси во областа на правото.
Кристијан Фишер е професор по граѓанско право, трудово право и по теорија на правото при Универзитетот во Јена, Германија.
Нивните одговори на погоре поставените прашања се во насока на осознавање на реалните политички и идеолошки предуслови за креирање на правото како и можноста за контрола на тие предуслови.
Книгата е, пред сè, намената за студентите од областа на правните и на политичките науки, но, според својата содржина и организираност, може да биде четиво за сите граѓани што имаат афинитети кон правото.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 оценка за Теорија на правото
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –