Привлекување на инвеститори: маркетинг-пристап за наоѓање средства за вашиот бизнис

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 205 | Димензии: 15х22 | Корица: /

Дознајте како да ги придобиете банките и потенцијалните инвеститори

   Ако сте претприемач во потрага по своите први инвеститори, сопственик на бизнис или директор за финансии што бара нов извор на капитал, морате да им ја промовирате вашата компанија на инвеститорите. Во оваа книга, реномираниот експерт во областа на маркетингот и авторот  на бестселери, Филип Котлер, заедно со маркетинг-консултантот, Херман Картајаја и професорот на Институтот ИНСЕАД  С. Дејвид Јанг, им дава основни упатства за барање на капитал на луѓето што разбираат дека зголемувањето на капиталот е во голема мера претворено од финансиска во маркетинг-функција.
   Прецизното одредување на вашиот иден инвеститор и успешното нагласување на силните страни на вашиот бизнис, се одлучувачките  фактори кои се потребни за да успеете во вашите бизнис амбиции. Од финансирање, до земање пари на заем и емитување на акции, Привлекување на инвеститори ви покажува како да се промовирате себеси и вашиот бизнис за да ги зголемите вашите фондови, и ви објаснува зошто маркетингот е од клучна важност за успешно зголемување на капиталот.
   Оваа опсежна книга ќе биде незаменлива при основањето на мали претпријатија, како и за реномираните компании што бараат нови извори на фондови. Играта со капиталот е сменета, а Привлекување на инвеститори е вашиот прирачник за новите правила.

Цена: 500 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Привлекување на инвеститори: маркетинг-пристап за наоѓање средства за вашиот бизнис

Категорија:
ИСБН: 978-608-4577-25-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Привлекување на инвеститори: маркетинг-пристап за наоѓање средства за вашиот бизнис”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in