Закони

Автор: ПЛАТОН
Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2007
Оригинален наслов: Nómoi | Бр. на страни: 492 | Димензии: 140х205 | Корица: /

Најобемниот Платонов дијалог - Закони, е енциклопедија на правната и правничката свест на човештвото, а пред се, Дијалогот е философија на правдата и праведноста, - праведноста како врвна доблест на човечки план и правдата како космолошко начело. Двете категории се спроведуваат во антитетички парови: ред/безредие, закон/беззаконие, добро/зло, доблест/насилство, вина/одмазда, злосторство/казна... и сето ова во метафизичка и физичка смисла - живот/смрт.
Дијалогот во суштина претставува сложена археологија на  митското и историското, мистичното и рационалното поимање на законите и законодавството како начело на секаков државен облик низ историското време до Платон, едновремено Дијалогот интуира недогледно време по Платон. Имено, во својата номотетска теорија Платон располага со мантичка оптика - да гледа наназад низ историските наслојки на човечка дејствителност, да ги согледува законодавните исходишта, но и да антиципира се  уште неостварени (и неостварливи) системи на политеи, всушност - да антиципира една футуролошка астрална политеја.
Закони е основа и начело на многубројни подоцнежни замислени и остварувани законодавни системи: Закони е, всушност, прва таква книга во светската историја, или - првоначална политиколошка теорија во целокупниот историски простор.

Цена: 630 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Закони

Категорија:
ИСБН: 9989-187-16-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Закони”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in