Закони
Author:
ПЛАТОН
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2007
Original title:
Nómoi |
Num. of pages:
492 |
Dimensions:
140х205
|
Cover:
/
Најобемниот Платонов дијалог - Закони, е енциклопедија на правната и правничката свест на човештвото, а пред се, Дијалогот е философија на правдата и праведноста, - праведноста како врвна доблест на човечки план и правдата како космолошко начело. Двете категории се спроведуваат во антитетички парови: ред/безредие, закон/беззаконие, добро/зло, доблест/насилство, вина/одмазда, злосторство/казна... и сето ова во метафизичка и физичка смисла - живот/смрт.
Дијалогот во суштина претставува сложена археологија на митското и историското, мистичното и рационалното поимање на законите и законодавството како начело на секаков државен облик низ историското време до Платон, едновремено Дијалогот интуира недогледно време по Платон. Имено, во својата номотетска теорија Платон располага со мантичка оптика - да гледа наназад низ историските наслојки на човечка дејствителност, да ги согледува законодавните исходишта, но и да антиципира се уште неостварени (и неостварливи) системи на политеи, всушност - да антиципира една футуролошка астрална политеја.
Закони е основа и начело на многубројни подоцнежни замислени и остварувани законодавни системи: Закони е, всушност, прва таква книга во светската историја, или - првоначална политиколошка теорија во целокупниот историски простор.
Reviews
There are no reviews yet.