Моето семејство

Издавач: Едука Мак | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: Моето семејство | Бр. на страни: 36 | Димензии: 27х20 | Корица: /

/ НОВО ИЗДАНИЕ - СПОРЕД ПРОГРАМАТА РАНО УЧЕЊЕ И РАЗВОЈ: МОЕТО СЕМЕЈСТВО - едукативен прирачник за деца, наменет е за децата од предучилишна возраст. Според својата концепција, физиономија и структура е предвиден во проектите на МТСП -„Семејство и семејните вредности“ и е поврзан со Годишната програма во детските градинки. Овој прирачник го содржи многу значајниот воспитен елемент - стекнување сознанија и навики за семејството како основна клетка во општеството, како и градење свест кај децата за негување на семејните вредности и стекнување знаења, во раната возраст, кои остануваат трајни. Прирачникот дава можност преку игровни активности од сите аспекти (домени) на Стандардите за рано учење и развој, а се поврзани со семејните односи, да се препознаат одредени ситуации во кои детето се пронаоѓа и учи. ОДОБРЕН е за употреба во ДЕТСКИТЕ ГРАДИНКИ со РЕШЕНИЕ на Министерот за труд и социјална политика на Република Македонија.

Цена: 200 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Едука Мак

Report an abuse for product Моето семејство

Категорија:
ИСБН: 9786084737254

Questions and Answers

You are not logged in