Вашето Височество Животно

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Синий халат вселенной | Бр. на страни: 212 | Димензии: 200х140 | Корица: /

Во романот на Купријанов се зафаќа со цивилизациските и антицивилизациските димензии на човештвото, односно на нечовештвото. Тоа е роман на пародијата и алузијата. Во него е опишано тоталното оѕверување или оживотнорување, а во пародиска смисла тоа е очовековување на животинскиот свет – процес што, како што пишува авторот, во современото време оди кон својот победоносен крај. Во Русија романот е окарактеризиран како наследник на „Шинелот“ на Гогољ, каде што главниот лик се појавува по два века и во поинаква облека и со променета човечка душа. Целосната преобразба на човештвото во животински свет се манифестира во сè со што се сретнува човекот во таканаречената современа цивилизација. Главниот херој на романот не е човек, но не е ниту животно во кафез. Овде херојот е необичен литературен лик.Романот претставува антиутопија на реалноста на денешнината. Навлегувајќи од една илузија во друга, авторот на интересен, фантастичен и сатиричен начин, навлегува во проблемите на револуционерното и постреволуционерното руско општество. Но ова не е само антиутопија на револуцијата, туку и на еволуцијата на човековата совест. Летечкиот објект што се појавува врз зоолошката градина во Москва е моментот кога започнува големата преобразбата на животните коишто полека стануваат суштества што зборуваат, размислуваат и се подготвени да ја преземат контролата врз светот. Паралелно, меѓу луѓето се појавува вонземјанинот Наметка кој е дојден да ги измени историските настани и да ги дисциплинира луѓето, но и тој бива вовлечен во интригите на човештвото во кое луѓето сè повеќе наликуваат на животни.
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 150 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Вашето Височество Животно

Категорија:
ИСБН: 978-608-225-075-5

Questions and Answers

You are not logged in