Триножникот на Цепенков и каучот на Фројд
Автор:
Нина Анастасова Шкрињариќ
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
Триножникот на Цепенков и каучот на Фројд |
Бр. на страни:
216 |
Димензии:
200х140
|
Корица:
/
„Триножникот на Цепенков и каучот на Фројд (психоаналитички концепти во сказните)“ е книга која нуди еден поинаков „клуч“ за читање и разбирање на сказните. Во прашање е базичен осврт кон психоаналитичката интерпретација на сказните и нивното длабинско-психолошко (архетипско) толкување. Трудот е изведен како своевидна психоаналитичка дискусија во која главниот збор го имаат двете водечки имиња од старата „гарда“ психоаналитичари – генијалниот Сигмунд Фројд и брилијантниот Карл Густав Јунг, а се повикува и на „медијаторството“ на Бруно Бетелхајм, кој ги дава најдрагоцените согледби за значењето на сказните за детската психа. „Дали сказните со сурови и аморални секвенци (морбидните сцени на сакатење, канибализам, инцест, морничави убиства) може да ја повредат нежната детска психа? Дали се опасна и непедагошка лектира? Треба ли да се „прохибираат“ сказните коишто сатанизираат и во кои има аморалност, суровост и садизам? Оваа книга им е посветена на тие дилеми.
Questions and Answers
You are not logged in