Триножникот на Цепенков и каучот на Фројд

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Триножникот на Цепенков и каучот на Фројд | Бр. на страни: 216 | Димензии: 200х140 | Корица: /

„Триножникот на Цепенков и каучот на Фројд (психоаналитички концепти во сказните)“ е книга која нуди еден поинаков „клуч“ за читање и разбирање на сказните. Во прашање е базичен осврт кон психоаналитичката интерпретација на сказните и нивното длабинско-психолошко (архетипско) толкување. Трудот е изведен како своевидна психоаналитичка дискусија во која главниот збор го имаат двете водечки имиња од старата „гарда“ психоаналитичари – генијалниот Сигмунд Фројд и брилијантниот Карл Густав Јунг, а се повикува и на „медијаторството“ на Бруно Бетелхајм, кој ги дава најдрагоцените согледби за значењето на сказните за детската психа. „Дали сказните со сурови и аморални секвенци (морбидните сцени на сакатење, канибализам, инцест, морничави убиства) може да ја повредат нежната детска психа? Дали се опасна и непедагошка лектира? Треба ли да се „прохибираат“ сказните коишто сатанизираат и во кои има аморалност, суровост и садизам?  Оваа книга им е посветена на тие дилеми.

Цена: 300 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Триножникот на Цепенков и каучот на Фројд

Категорија:
ИСБН: 978-608-225-043-4

Questions and Answers

You are not logged in