Речник на древни зборови во творештвото на Светлана Христова Јоциќ

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Речник на древни зборови во творештвото на Светлана Христова Јоциќ | Бр. на страни: 156 | Димензии: 240х170 | Корица: /

Како ретко кој македонски автор во македонската литература, Светлана Христова Јоциќ употребува ретка, архаична, односно древна лексика и на тој начин, како ретко кој автор, таа го возобновува значењето на старите и подзаборавени зборови, им дава лирско значење и лирска боја. Ги негува и ги применува во уметничката литература, но истовремено во духот на таа лексика создава неологизми. Таквите зборови во творештвото на Светлана Христова Јоциќ (архаизмите, дијалектизмите, турцизмите, неологизмите...) ги има во огромен фонд – доволен за посебен речник.
Секој збор си има своја етимологија, историја, семантика – но и форма и контекст што му ги дава авторката, а тие се објаснети, толкувани и според лексикографската методологија сместени во овој речник. Оваа книга, напишана врз лексички и поетолошки интерпретации на старите зборови во поезијата на С. Х. Јоциќ, е единствена (прва) од овој вид во македонската литература.

Цена: 150 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Речник на древни зборови во творештвото на Светлана Христова Јоциќ

Категорија:
ИСБН: 978-608-4614-07-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Речник на древни зборови во творештвото на Светлана Христова Јоциќ”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in